(ВИДЕО) Што не видовме на ТВ? На милиметри до сериозен инцидент во финалето на АБА поради стаклено шише!

Loading

Црвена звезда поведе во серијата од 2-0, против лутиот ривал Партизан во финалето на АБА лигата.

фото: Esreso/Miloš Dreković

Навивачите на црвено-белите, популарните ,,Делии,, во добар дел од натпреварот фрлаа предмети на паркетот.

Некако навикнати сме навредите да бидат составен дел од натпреварите, па на пцовките и викањето не им се придава толку големо значење.

Сè заврши на паркетот во салата Пионир, а она што посебно треба да се санкционира, без разлика за кои навивачи станува збор, е стакленото шише!

На помош на играчите на Партизан им дојдоа и кошаркарите на Црвена звезда кои со своето присуство се обидуваа да ја смират ситуацијата.

Највоинствен беше Лесор, кој беше подготвен за пресметка со навивачите на Звезда…