Синоќа Мемфис го преживеа гостувањето кај Минесота и го одбрани домашниот терен за водство од 3-2 во серијата од првото коло од НБА плејофот на Западот.
Кошот за победа од 111:109 го постигна Џа Морант на само секунди до крајот.
Одличниот плејмејкер досега не блескаше во текот на серијата, но синоќа постигна 30 поени, 13 скока и 3 украдени топки (рекорд во плеј-офот во двете категории) и запиша 9 асистенции за „Гризлис“.
Најдобриот потег го направи на крајот од третата четвртина, кога во негов стил како молња мина низа противничките играчи и монструозно го совлада Малик Бизли.
Шестиот натпревар е закажан за петок навечер, на 29 април, во Минеаполис.