Прославениот УФЦ борец Конор Мек Грегор на Твитер ја објави својата понуда за купување на Челзи и на тој начин предизвика бројни реакции кај навивачите на Стемфорд Бриџ.
Откако Роман Абрамович потврди дека го продава клубот кој успешно го водеше 19 години, Мек Грегор ја објави својата понуда.
„Ова е мојата понуда од една и пол милијарда фунти“, напиша Ирецот на Твитер.
Секако, никој не го сфати сериозно, бидејќи се знае дека нема ни приближно доволно пари за да го купи клубот.
Веднаш следеа урнебесни реакции на фановите.
„Ви благодарам, но ако сакавме луд Ирец на чело на клубот, ќе го земевме Рој Кин за менаџер“, беше одговорот на клубот.
Секако, ова е духовита мимика направена од фановите. Интересно е што многу медиуми се фатија во шегата и објавија мимика како официјален одговор на Челзи.
This is cold even from @ChelseaFC @TheNotoriousMMA doesn't deserve that..But why is Roy Keane catching stray bullets😂😂😂 pic.twitter.com/DlQWvSmrr4
— THE_MOODMAKER (@Styno_1) March 3, 2022