Легендарниот американски тенисер Џим Куриер смета дека Рафаел Надал не треба да биде отпишан од трката за грен слем титули.
Поранешниот светски тенисер број еден смета дека Надал ќе биде главниот фаворит за освојување на Ролан Гарос следната година.
„Ќе видиме како ќе се чувствува, како ќе реагира неговото стапало по долгата пауза. Тој се уште е фаворит на Ролан Гарос, мал фаворит во споредба со Новак – под услов и двајцата да бидат здрави. А Новак е фаворит на другите слемови, најмногу на Вимблдон“, вели Џим и додава…
„Надал е убедливо најдобар на земјена подлога во историјата, драго ми е што не морав да играм против него на таа подлога.