ВИДЕО: Дали е ова новиот Новак? Малиот Вук игра како крал на пет и пол години, ги победува и постарите ривали!

Loading

Сакам да тренирам тенис! – им рекол малиот Вук Шарац на своите родители кога го гледал Новак Џоковиќ на Австралија Опен пред нешто повеќе од една година.

Тогаш имаше четири и пол години, а денес ја погодува топката, би рекле совршено за негова возраст. И уште повеќе од тоа – движењата и техниките што ги поседува се карактеристични за многу постарите момчиња.

Овој малечок со својот бекхенд, форхенд, сервис … само плени на теренот и не тера да се запрашаме – го гледаме ли новиот Ноле?

Сепак, патот до врвен тенисер е долг и трнлив, но Вук го започна на најдобар можен начин.

Тренираше во школата на Новак Џоковиќ, но со тренерот Слободан Ѓерковиќ се пресели на терените на Тениската академија на Богдан Обрадовиќ.

Неодамна учествуваше на првиот турнир, но за тоа му требаше посебно одобрение од Тенискиот сојуз на Србија.

Имено, децата до шест години не можат да учествуваат на турнири, но во случајот на Вук е направен преседан, бидејќи кога комисијата на ТСС го видела како игра, немало дилема, добил дозвола.

– Беше убедливо најмладиот учесник на турнирот на терените на Црвена звезда и играше против ривали кои имаа седум и осум години. Оствари четири победи и претрпе пет порази, бевме пријатно изненадени, бидејќи беше единствениот во 2015 година – вели таткото на Вук, Урош Шарац.

Инаку, малото дете посетува спортска градинка, каде воспитувачките ја забележале неговата голема моторика и им предложиле на родителите да почне да тренира некој спорт.

– Тој самиот кажа дека нема да оди на фудбал и кошарка и дека сака да игра тенис. Го однесовме на проби, каде што сите беа изненадени колку тоа има смисла. Ни кажаа дека е над возраста психички, физички и моторно. Вук брзо ги прескокна групите и почна да тренира со осумгодишници, иако имаше пет години. Најмногу напредуваше со тренерот Слоба, особено во техниката.

Вук, кога е тенисот во прашање, никогаш не требало да биде присилен на нешто.

– Сакам да играм, се надевам дека еден ден ќе бидам како Ноле, тој е мојот најдобар тенисер, а воедно и еден од моите пријатели – вели со детска насмевка.