Ракометарите на Вардар со победа ја завршија 2015 година во ракометната СЕХА лига.
Во СЦ Јане Сандански убедливо го победија Спартак со 36:18. Македонскиот шампион беше апсолутен фаворит, а тоа и го потврди на теренот.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Филип Лазаров со 10 и Хорхе Македа со 6 голови.
Вардар во СЕХА конкуренцијата, во досегашниот дел од сезоната, има забележано 11 победи, два пораза и едно реми.
Играчите на Раул Гонзалес останаа на лидерското место во СЕХА конкуренцијата со 34 бода од 14 одиграни натпревари, Веспрем е втор со 28 бодови и четири натпревари помалку од Вардар, Загреб од 12 натпревари, односно Татран Прешов од 13 натпревари имаат собрано по 27 бодови.
Сезоната во СЕХА лигата за ракометарите на Вардар продолжува на 5 февруари кога гостуваат кај Борац.
фото: rkvardar.mk