Гатузо изеде жив полжав, а потоа сакаше да го стрела Пирло – Во игра беше голема сума на пари!

Андреа Пирло со право го доби прекарот Моцарт за време на неговите фудбалски денови.

фото: Profimedia

Неговите додавања имаа очи, и беше вистински виртуоз. Џенаро Гатузо пак беше сосема спротивно од Пирло, борбен, агилен, секогаш на работ на фаул.

Ја делеа соблекувалната на Милан и италијанската репрезентација, а денеска и двајцата работат како тренери.

Пирло сподели една анегдота кога го насамариле Гатузо:

,,На еден тренинг врнеше и најдовме полжав. Му кажавме на Гатузо дека ќе му дадеме 10 илјади евра ако го изеде. Без проблем го направи тоа, а ние потоа ништо не му дадовме. Сакаше да не убие – изјави Пирло.