УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска, парично со 100.000 евра, и со забраната на продажба на билети на лица кои се наоѓаат на листата на хулигани.
Казната од УЕФА е поради инцидентите кои група навивачи ги предизвикаа на натпреварот со Чешка кој заврши 2-2, одигран во Сент Етиен на 17.јуни.
На овој натпревар група на хрватски навивачи во 85. минута предизвикаа прекин на натпреварот откако на теренот фрлија факели.
Исто така се води постапка против Хрватска и поради инцидентот на мечот со Турција, одигран во првото коло каде навивачите користеа пиротехника на трибините, а еден од фановите влета на теренот и заедно со фудбалерите го прослави голот на Модриќ.
Хрватскиот фудбалски сојуз, во изминатите 5 години, само поради навивачите ја наполни касата на УЕФА со над 500.000 илјади евра.