full screen background image
Последни Вести

За жал почна распадот на Вардар! – Ракометарите и фудбалерите убедливо поразени (фото)

Двата колектива на Вардар, РК Вардар и ФК Вардар беа убедливо поразени денеска на официјални средби. Дали веќе се чуствува заминувањето на првиот човек Сергеј Самсоненко?

Во дербито од новата сезона во ПМФЛ, во Тетото, Шкендија со 2-0 го победи шампионот Вардар. Домаќините поведоа во 61. минута со мајсторијата која ја приреди Алими.

Само 5 минути подоцна Шкендија дојде до 2-0 со голот на Жуниор, за конечен резултат на мечот.

И ракометарите на Вардар втор пат во два дена забележаа пораз на подготвителните средби во Германија. Европскиот шампион вчера загуби од Бергишер, а денеска загубија од Рајн Некар Левен.

Вардар загуби убедливо со 34-25 од германскиот шампион. Тренерот Раул Гонзалез не можеше да смета на Циндриќ, Милиќ и Недановски кои се пожалија повреда.

вардар-работнички

Во тимот беа четворица млади ракометари, Марко Кизиќ кој дебитираше со 16 години, Даниел Ѓорѓески, Тоше Ончев и Мартин Поповски.

Борозан даде 8 гола, Македа 6, Карачиќ 5, Ончев 2, а по еден Поповски, Криштопанс, Мораеш, Чупиќ, Дибиров и Шишкарев.

Дали со овие порази веќе се чуствува заминувањето на Самсоненко од Вардар? Дали сите тимовите на Вардар ќе ја играат оваа сезона под притисок? Дали е ова крајот на убавите моменти кои ги имавме со сите три тима? Дали се враќаме на старите патеки?

Останува да видиме……