Финалната серија од НБА лигата помеѓу Кливленд и Г.Стејт е најгледана во историјата

Loading

Кливленд Кавалирс ја освои првата НБА титула во својата клупска историја откако во мајсторката го совлада Голден Стејт со 93-89 и славеше со вкупни 4-3 во победи.

кливленд шампион2

Она што е впечатливо и интересно е тоа дека финалето стана најгледано во историјата на НБА лигата.

Седумте натпревари од серијата во просек ги гледале по 20,2 милиони гледачи, додека неделната “мајсторка” ја проследиле 30,1 милиони само во САД што го прави убедливо најгледано во историјата.

леброн мвп1 кливленд шампион6 кливленд шампион1

Претходно, најгледано финале беше она во 1998 година кога Мајкл Џордан со Чикаго Булс ја освои последната шеста титула во кариерата.

Причини за задоволство од овогодишната серија има и телевизијата АБЦ која, според проценките, заработила околу 300 милиони долари само од финалната серија.