full screen background image
Последни Вести

Две мега пресметки на стартот на новата 72 сезона во НБА лигата (видео+фото)

Започна новата 72 сезона во НБА лигата со две мега пресметки. Во дербито на истокот Кливленд го победи Бостон со 102-99.

Екс играчот на Кавалирси, Кајри Ирвинг не успеа да погоди тројка. Toj во последниот напад не го однесе мечот во дополнители 5 минути.

Бостон во вториот дел влезе во ритам. Mу се доближи на Кливленд, но немаа време за целосен пресврт иако губеа со 18 поени разлика.

Леброн Џејмс даде 29 поени, 16 скока и 9 асистенции, а Лав забележа 15 поени и 11 скока.

Ирвинг против својот довчерашен тим имаше 22 поени, 10 асистенции, 4 скока и 3 украдени топки.

Во супер дербито на западот, Хјустон Рокетс нагости го победи шампионот Голден Стејт со 122-121.

Ракетите успеаа да направат голем пресврт, да надоместат негатива од 17 поени и да стигнат до победа.

Дознајте зошто Кевин Дурент си замина од Оклахома Сити!

Кевин Дурент го погоди последниот шут за победа на Голден стејт, но топката ја исфрли по истекот на времето. Такер ги погоди двете слободни и на Хјустон му донесе предност од 122:121 на 44 секуди до крајот на мечот.

Харден не реализира за три поени, а шутот на Дурент за победа беше упатен по истекот на времето.

Харден го предводеше Хјустон со 27 поени, 10 асистенции и 6 скока, 24 даде Гордон, а Такер 20 коша.

Кај Голден Стејт, Ник Јанг запиша 23, Стеф Кари даде 22, а Дурент 20 поени, 5 скока и 7 асистенции.

За вечерва предвидени се 11 натпревари.

Инсерти од двете средби…