full screen background image
Последни Вести

Алонсо верува во подобри резултати во вториот дел од сезоната во Ф1

Фернандо Алонсо од Мекларен Хонда смета дека во вториот дел од сезоната тимот ќе покаже многу подобри резултати откако на последната трка во Будимпешта каде стигна до петтото место.

alonso meklaren

Болидот сега е многу добро балансиран, а тоа во Унгарија ми овозможи да одам со полн гас во текот на целата трка. Подобри сме од трка во трка и болидот е се посигурен и поподготвен. истакна Алонсо.

Шпанецот кој вози за Мекларен со само 11 бода се наоѓа на 15.место во Генералниот пласман, а можност да го зголеми своето бодовно салдо и клупскиот пласман Алонсо ќе има на следната трка која се вози во Белгија на патеката Спа Франкошарп.