(ВИДЕО+ФОТО) Шокантна исповест на Одом – Откри што се случи кобната ноќ во борделот кога падна во кома!

Loading

Познатиот НБА кошаркар Ламар Одом тврди дека не користел недозволени супстанци кобната ноќ во 2015 година, кога бил пронајден во несвест во бордел во Невада.

Фото: Allen J. Schaben/Los Angeles Times via Getty Images)

Во специјалната емисија „Сексот, дрогата и Кардашијан“ на ТМЗ, Одом ја раскажа својата страна од приказната за ноќта на ужасот.

Познатиот кошаркар тврди дека таа вечер покојниот сопственик на борделот Денис Хоф се обидел да го убие.

Одом истакнува дека не ја конзумирал дрогата, барем не доброволно и дека немал поим како му влегла во организмот.

Според неговите зборови, тој стигнал во борделот и испил една пијачка, а три дена подоцна се разбудил во болница со туби кои му виснале од телото. Не можел ниту да оди ниту да зборува.

Тој истакна дека никогаш не дознал зошто Хоф се обидел да го убие таа вечер.

Во истата емисија Одом призна дека Клои Кардашијан е љубовта на неговиот живот и дека длабоко жали за се што направил. Тој истакна дека би сакал повторно да ја види и да се обиде да ги поправи работите со неа.

Двократниот шампион во НБА беше на работ на смртта таа 2015 година. Тој помина неколку дена во кома, но на крајот успеа да се извлече и успешно да се опорави.

Пред неколку години објави автобиографија со наслов „Од темнина до светлина“ во која откри дека скоро сите пари што ги заработил играјќи за Лејкерс, Клиперс, Мајами, Далас… ги потрошил на дрога и жени.

„Ако треба да пресметам колку сум потрошил на дрога, тоа би било околу 100 милиони долари“, изјави еднаш Одом.

Не е тајна дека имал и крајно бурен љубовен живот.

“Порано имав секс со шест различни жени неделно, секој пат без заштита. Затоа морав да платам за неколку абортуси. Ми требаа тие жени, тие беа излез, не можев сам да одам дома”, откри Ламар Одом.