(ВИДЕО) Зошто на 21 година се одрече од кошарката, а можеше да биде НБА звезда!

Loading

Кошаркарот на Атланта Хоукс, Еј Џеј Грифин даде свое објаснување зошто фрлил милиони и се откажал од кошарката на 21 година.

Избран како 16-ти пик од првата рунда на НБА драфтот во 2022 година, тој пристигна во тимот на Атланта Хокс како еден од играчите на кои им предвидуваа светла иднина, споредувајќи го крилниот напаѓач на Дјук со Кели Оубре.

Само две години подоцна, Грифин се откажува од кошарката за да му го посвети животот на Бога.

Пред нешто повеќе од две недели, инсајдерот во НБА на Атлетик, Шамс Шаранија, објави дека младиот кошаркар, трајдуван во Хјустон Рокетс засекогаш ќе го напушти теренот.

Причината тогаш не беше позната, но сега го објави самиот Грифин во видеото објавено на YouTube.

Синот на Адријан Грифин, поранешен играч на неколку НБА клубови и поранешен тренер на Милвоки Бакс, имаше ветувачка прва сезона.

Ја заврши со просек од 8,9 поени на 72 натпревари, од кои 12 беше стартер. Во просек, тој играше околу 20 минути по вечер.

Втората сезона не му изгледаше така. Заедно со намалувањето на минутажата, помалку од девет минути по натпревар, дојде и намалувањето на играта.

Постигнуваше во просек по 2,4 поени по натпревар, а одигра само 20, по што беше трејдуван во Рокетс. Нема да заигра за нив.

„Се откажав од кошарката за да го следам Исус. Знам дека многу луѓе го гледаат тоа како загуба, но чувствувам дека откажувањето од кошарката е она што ќе ми овозможи целосно да се свртам кон свештенството за да можам целосно да му служам на Господ. Мислев дека причината поради која се откажав беше кошарката, но Господ ми покажа дека сите сме тука да го славиме“, изјави Грифин.