Вистински хит на социјалните мрежи стана ова момче од Америка по име Џејлен, чии снимки од играњето кошарка со неговиот постар брат се урнебесно смешни.
Иако е многу помал од неговиот брат Ноа, тој се чуди како наоѓа начини да го надигра и да постигне кош, но неговиот „кошаркарски речник“ е уште позабавен.
„Ти си нула, нула“, го провоцираше Џејлен својот брат по дадените кошеви.
I can't stop smiling at this video. He's good 😃🔥
pic.twitter.com/L5M0hLKAdb— THE G•O•A•T (@OfficialUdiBoy) April 1, 2021
Неговата реакција е особено смешна кога татко му ќе му каже дека направил чекори…
– Што?! Не, тоа не се чекори. Како може да кажете дека тоа се чекори – Џејлен уживаше како да се расправа со судија во НБА.
На второто видео, може да се забележи дека од време на време, Ноа решава малку да го „врати својот помлад брат на земја“, па летаат блокади на сите страни, но исто така и нему ми е забавно кога Џејлен е во елемент…
Jalen has been talking to much trash lately so Noah felt it was important to humble him this morning 🤣🤣 pic.twitter.com/YqAQuxPVxY
— Curtis Allen (@Curtis_Allen20) September 6, 2020
Без оглед на се, ако продолжи вака, го чека одлична кошаркарска кариера.