(Видео) Влезете во луксузниот стан на Новак Џоковиќ во Мајами – Има поглед од милион долари!

Loading

Првиот тенисер на светот, Новак Џоковиќ, неодамна купи луксузен стан во Мајами, што претставува последен збор на архитектурата.

Оваа неверојатна зграда се наоѓа на брегот на Мајами Бич. Совршен е за семеен живот.

Има три спални, три бањи … Прозорците се од подот до таванот, а Ноле и неговото семејство можат да уживаат во прекрасните погледи на Атлантскиот Океан, заливот, паркот и градот.

Станот поседува исто така два базени, спа, сауна, фитнес центар, бар …

Интересно, е тоа што тие исто така добија клуч од ексклузивниот приватен парк.

“Бев воодушевен од неверојатната услуга, ексклузивниот пристап до паркот, панорамскиот поглед на земјата и морето …

“Моето семејство ќе има совршен живот овде, јас сум воодушевен од дизајнот на оваа зграда”, рече Новак.

Погледнете го одблиску луксузот на Ноле во Мајами кој за него плати околу 9 милиони долари…