ВИДЕО: Уште во 1.коло во ЛШ веќе го имаме промашувањето на сезоната!

Loading

Синоќа фубалерите на Севиља и Салцбург одиграа исклучително возбудлив и интересен натпревар, кој на крајот заврши со поделба на бодовите 1-1.

Уште во првото полувреме главниот судија досуди зачудувачки дури четири пенали на двете страни, но сепак мечот го одбележа големото промашување на играчот на Салцбург.

Се играше 57-та минута кога играчот на австрискиот тим Омар Солет успеа да промаши празен гол од три метри, па сигурно ќе конкурира во категоријата најголемо промашување оваа сезона и  тоа уште во 1.коло.

Погледнете што промаши играчот на Салцбург….