ВИДЕО: Среќен роденден МАЕСТРО – Ибрахимовиќ ја слави 40-ката, а Милан вака му го честиташе!

Loading

Напаѓачот на Милан и Шведска, Златан Ибрахимовиќ денеска полни 40 години.

Тој е професионален фудбалер од 1999 година и се уште е страв и трепет за противничките одбрани.

Ибрахимовиќ постигна 565 голови на 954 натпревари во кариерата.

Започна во Малме, а потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, Пари Сент Жермен, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галакси и се врати во Милан.

Тој беше шампион на Холандија, Италија, Шпанија и Франција. Ја освои Лига Европа со Јунајтед, и Светското клупско првенство со Барселона.

Ибра е рекордер на Шведска со 62 гола и 118 натпревари.

Повеќе од играч, повеќе од напаѓач!

Еве како Милан му го честиташе јубилејот 40-тиот роденден…..