(ВИДЕО) Синот на Златан постигна гол ,,бомба,, кој е хит во Европа во стилот на својот татко….

Loading

Максимилијан Ибрахимовиќ, синот на легендарниот Златан Ибрахимовиќ, постигна гол за јуниорите на Милан на натпреварот против Емполи.

Фото: Imago Images

„Росонерите“ победија со 4:1, а Максимилијан погоди со одличен удар со левата нога во стилот на својот прославен татко….

ПОГЛЕДНЕТЕ….

Тоа беше трет гол на синот на Ибрахимовиќ во дресот на славниот клуб на четири одиграни натпревари.

Максимилијан Ибрахимовиќ е роден во септември 2006 година, игра на позицијата лево крило и настапува за Милан У-23 во пониските рангови на италијанскиот фудбал.

Првиот професионален договор со Милан го потпиша пред неполни два месеци, на 18 јули.

„Росонерите“ потоа му понудија тригодишна соработка во која ќе има шанса да докаже дали заслужува место во првиот тим, во кој неговиот татко остави длабока трага.