ВИДЕО: Симпатичниот буцко од 130 кг стигна до првата УФЦ победа, па направи шоу за фановите!

Loading

ММА борецот Крис Барнет, попознат како Медо, на спектакуларен начин дојде да ја освои својата прва победа во УФЦ кариерата.

Барнет го победи Џан Виланте во UFC 268 во Њујорк. Популарниот Медо го нога го удри противникот и го собори, а потоа следеше серија силни удари и судијата беше принуден да ја прекине борбата.

Барнет стигна до својата 22. победа во кариерата и прва во УФЦ.

Тој мораше да ослабе за да се бори во тешка категорија на УФЦ. Висок е 175 сантиметри и тежи над 130 килограми надвор од октагонот. Сепак, прекумерната тежина не му пречи да прави големи работи во октагонот.

Првата победа во УФЦ ја прослави правејќи салто! Неговиот потег ги воодушеви обожавателите на ММА….