ВИДЕО: Си го уништи опростувањето од Формула 1 – Пред крајот на тренингот го искрши болидот!

Loading

Легендарниот фински Формула 1 возач Кими Раиконен го уништи својот болид за време на вториот слободен тренинг на патеката во Абу Даби.

Последните километри Раиконен ги минува со Формула 1 болидот бидејќи кариерата ќе ја заврши по трката во Абу Даби.

Сепак, работите не тргнаа добро бидејќи тој удри во бариерата и сериозно го оштети својот болид, па пред тимот на Алфа Ромео е голема работа.

Несреќата на Финецот се случи во 14-тата кривина кога го загуби задниот дел и удри во бариерата.

По оваа трка Раиконен ја напушта Формула 1 со една титула шампион од 2007 година, која ја освои како возач на Ферари…

Погледнете го инцидентот на Кими…..