(ВИДЕО) Што се случуваше тука? – Судијата делеше црвени, се играше и ватерполо и 42 мин продолжение!

Loading

Еден натпревар во Боливија, верувале или не судијата го продолжи за рекордни и историски 42 минути! Еве ги деталите….

фото: YOUTUBE/SCREENSHOT/TIGO SPORTS BOLIVIA

На натпреварот помеѓу Палмафлор и Блуминга, победничкиот гол на домашната екипа беше постигнат во 128. минута од натпреварот на терен кој повеќе личеше на ватерполо базен отколку на фудбал.

Навистина е неверојатно во какви услови се одигра овој натпревар. Поради врнежи на дожд, теренот беше натопен со вода, додека играчите во одредени моменти беа спремни за тепачки и бокс мечеви, често се користеше ВАР, забележани беа два пенали, па дури и три црвени картони. Чудно е како заврши сето ова.

Најпрво во 19. минута судијата Гутиерез досуди пенал за домашната екипа Палмафлор откако го погледна видеото од ВАР. Канете беше прецизен.

Потоа во 82. повторно го погледна видеото и покажа на „белата точка“ и Алварез погоди за 2:0, а во 86. Родригез погоди за 2:1. Тоа беше само почеток на хаосот.

Поради невремето, честите прекини, гледањето видеа, судијата му сигнализираше на четвртиот судија да покаже дури 42 минути судиско продолжение!

Потоа во 114. минута Синистер израмни, а пред неговиот гол Меначо доби црвен картон, а по тој гол во 118. минута најпрвин му даде жолт на Бечери, па повторно го погледна видеото и ја смени одлуката и му даде право црвен поради остриот лизгачки старт на навистина лошиот терен.

Потоа, во 121. минута некој од клупата на Палмафлор доби црвен картон поради бурните протести, а во 128. минута Канета Понво го постави конечните 3-2 за славје на домашниот тим.

По сето тоа Блуминг се огласи на социјалните мрежи…

„Заврши третото полувреме. Срамните судии повторно беа во главна улога во мечот. Поради нив играчите беа изложени на повреди, беше видено незапамтено продолжение и нашите играчи беа оштетени и покрај тоа што заслужија повеќе. Ќе преземеме законска акција против овие судии, не сакаме тие никогаш повторно да судат во боливискиот фудбал“, се вели во соопштението.