ВИДЕО: Шекил О’Нил за влакно ќе убиел човек! – ,, Го шутирав ….

Loading

Шекил О’Нил играше на центарската позиција, а беше избран во првата рунда на НБА драфтот во 1992 година од страна на Орландо Меџик.

Играјќи за Орландо Меџик, Лос Анџелес Лејкерс, Мајами Хит, Феникс Санс, Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс, О’Нил постигна многу успеси.

Освои четири НБА прстени, во 2000 година беше прогласен за најкорисен МВП играч во лигата, 3 пати беше најкорисен играч во финалето на НБА.

О’Нил е петнаесеткратен НБА Ол-стар, четиринаесет пати избран во Ол-НБА тимот и три пати во најдобрата одбранбена петорка. Меѓутоа, Шекил не бил секогаш таков каков што го знаеме.

– Отсекогаш сум бил насилник! Се додека еден ден во петто одделение, не плукнав на табла. Некое дете ме издаде. Бев суспендиран на три дена. Морав да го кажам тоа дома, но пред тоа решив да го истепам „кодошот“. И така, додека го шутирав тоа дете, имаше епилептичен напад. Почна да се тресе а бевме само тој и јас. Тогаш се исплашив! Дојде еден човек и го спаси „детето“. Тогаш решив – нема да бидам насилник! Побргу ќе бидам кловн! Сега сум заглавен со тоа“, изјави Шекил О’Нил.