(ВИДЕО) Сериозен проблем и хендикеп за Лејкерси – Се повреди Леброн!

Loading

Тешка несреќа го снајде тимот на Лејкерс по дерби мечот со Бостон во ТД Гарден.

Предводени од смртоносниот тандем Леброн-Дончиќ одиграа брилијантно и имаа низа триумфи, а потоа доживеаја неверојатен пех. Искусниот Леброн Џејмс заработи повреда против Бостон и најверојатно ќе отсуствува подолг период.

Лејкерси по осум последователни победи претрпеа кикс во НБА класикот против Бостон Селтикс, но повеќе од поразот на Дончиќ и дружината ги снајде повредата на „кралот“.

На шест минути пред крајот на мечот Леброн се здоби со повреда на препоните на левата нога. Најпрво се чинеше дека закрепнувањето ќе трае неколку дена, меѓутоа, според последните информации кои доаѓаат од Америка, повредата е посериозна отколку што се мислеше.

„Прерано е да се каже кога Леброн Џејмс би можел да се врати, но едн извор на ЕСПН кажува дека Леброн ќе биде надвор од терените со недели, а не со денови“, објави Дејвид Мекманаман од ЕСПН.

Лејкерси моментално се трети на Западот со скор од 40-22.