(ВИДЕО) СЕНЗАЦИЈА ВО КЕЛН – Беа аутсајдери, а станаа Европски шампиони во ракомет!

Loading

Ракометарите на Магдебург ја освоија титулата во ракометната Лига на шампиони, откако во финалето во Келн по продолженијата го совладаа полски Киелце со 30:29.

фото: IMAGO/VITALII KLIUIEV

Каи Смитс го предводеше германскиот клуб до нивната четврта титула Европски првак, прва по 2002 година, со осум гола, додека Гисли Кристијансон и Микаел Дамгор постигнаа по шест.

Во полскиот тим, кој и лани беше вицешампион на Европа, најдобар учинок имаше Алекс Дујшебаев со осум гола, а Дилан Њи и Аркадиуш Морито додадоа по пет гола.

Претходно во борбата за третото место Барселона го победи Пари Сен Жермен со 37:31 (22:13).