Неодамна имаше операција на коленото и остана без договор, но не престанува да ги воодушевува своите фанови од поранешните ЈУ држави.
Златан Ибрахимовиќ моментално нема клуб, а според некои најави нема да може да игра до крајот на годината поради операција на коленото.
Швеѓанецот, кој во октомври ќе го прослави својот 41 роденден, моментално се опоравува од операцијата која е планирана долго време.
Познато е дека Златан сака да слуша хитови на народна музика, веќе некое време песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ повторно стана популарна поради фудбалерот, а сега на својата сметка на социјалната мрежа објави кратко видео.
Станува збор за Инстаграм, каде што собра близу 55 милиони следбеници.
Еден од најинтересните фудбалери се снимал како се опоравува додека во позадина гласно свири песната „Ми рече“ на српскиот пејач Слоба Радановиќ.
Ибрахимовиќ неодамна остана без договор, поточно од почетокот на јули и официјално е слободен играч, а покрај операцијата и тоа што нема да може да игра до крајот на годината, Милан е блиску до нов договор со Швеѓанецот.
Според информациите од Италија, Ибрахимовиќ наскоро ќе потпише едногодишен договор со Росонерите со значително намалување на платата.