Флојд Мејведер и Мани Пакјао на 2-ри мај ќе ги вкрстат ракавиците во борбата на столетието која ќе се одржи во MGM Grand Arena во Лас Вегас, чиј капацитет е 14.000 седишта.
Влезниците кои организаторот ги пуштил во продажба во четвртокот биле продадени за само 60 секунди.
Цената на влезниците се движела од 1.500 до 10.000 долари, додека на „црно“ влезниците до самиот ринг достигнале цена и од 200.000 долари.
Тие кои ќе го гледаат мечот преку телевизиските екрани во САД ќе мора да платат по 90 долари.
Овој петок на двајцата боксери ќе им биде мерена тежината, а оние кои имаат желба да го проследат настанот за тоа задоволство ќе издвојат по 10 долари.
Очекувањата се дека приходот од овој меч ќе биде поголем од 300 милиони долари, што е најмногу во историјата на боксот.
Флојд Мејведер ќе заработи 180 милиони долари, а Мани Пакјао 120 милиони долари.