Спортска сала Младост. Зачадена од цигари, преполни трибини со околу 7000 публика, 1988 година. Екипата на Пелистер беше многу силна со најдобрите домашни ракометари Јовановски, Јусуфовски, Манасков и уште подобри странски играчи.
Дербито од ракометниот натпревар во Југославија помеѓу Пелистер и Металопластика ќе остане познато по големата тепачка и ќотек кој го добија гостинските играчи. Играчите на Металопластика беа претепани, дресовите им беа искинати, а во таа општа гужва им беше украдена и опремата која им беше на клупата.
Гужвата започна кога Исаковиќ и Вујовиќ истрчаа кон записничката маса да протестираат зошто не го стопираат времето. Од таборот на Пелистер го обвинуваа Вујовиќ, дека го искинал записникот од натпреварот.
Комисијата на Ракометниот сојуз на Југославија првично изрече казни за актерите на инцидентот. Така на пример, ракометарот на Пелистер Цане Крстевски беше казнет со доживотна забрана за играње ракомет.
Неговиот соиграч Зоран Зечевиќ беше казнет со три години забрана за игра, Слободан Кузмановски од Металопластика со две години казна, неговиот клупски другар Миле Исаковиќ една година, а Веселин Вујовиќ доби девет месеци забрана за играње ракомет.
Поради лошата организација покрај паричната казна, Пелистер беше казнет и со забрана за игра на пет натпревари во салата Младост во Битола.
Металопластика таа сезона ја освои шампионската титула, додека Пелистер со пласманот во четвртфиналето во ЕХФ купот го направи својот наголем клупски успех во европските натпревари.
Конечниот резултат беше нерешен но поради тепачката на семафорот остана 26-25…