(ВИДЕО) Пред точно 30 години Шек дебитираше во НБА – Уште на првиот меч беше блескаше!

Loading

Шекил О’Нил дојде во НБА од ЛСУ универзитетот во 1992 година и беше првиот пик во сопственост на Орландо Меџик во тоа време.

фото: Nathaniel S. Butler/NBAE via Getty Images

Шек беше драфтуван на 24 јуни, додека на 7 август го потпиша својот прв професионален договор и официјално стана центар на Орландо.

Според тогашниот договор, Шек во првата сезона заработил 3 милиони долари, а бидејќи структурата била поинаква, потпишал седумгодишен договор вреден 40 милиони долари.

„Ако покажеме тимска работа во текот на сезоната како што покажавме во овие преговори, ќе направиме нешто големо во Орландо“, изјави тогаш Шек.

Тој преговараше со неговиот агент Леонард Армат и тогашниот сопственик на Орландо Меџик, Рич Девос.

За Орландо играше само 4 години, со кого стигна до финалето на НБА во 1995 година каде загубија од Хјустон со чисти 4-0 во победи.

Следната 1996 година замина во ЛА во тимот на Лејкерс каде ги имаше најдобрите партии и со тој тим освои три шампионски титули.

Во кариерата играше и за Феникс, Кливленд, а истата ја заврши во тимот на Бостон во 2011 година. 

Неговите дресови со броевите 32 и 34 се повлечени од употреба во тимовите на Орландо и Лејкерс.

Погледнете ги најдобрите моменти од кариерата на Шек во Орландо….