Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена привлече големо внимание со видеото на Инстаграм на кое се гледа како брутално тренира на 40 години!
Напаѓачот на Милан ги обработи стомачните мускули правејќи боксерски џек со нозете и покажа неверојатна сила кревајќи го целиот горен дел од телото, а таа негова снимка предизвика реакцијата кај поранешниот ас на Челзи, Дидие Дрогба, кој дури и зборуваше српски поради Ибра….
– Еј, брате Златане! Види како те имитира брат ми од Либерија. Погледни што го натера да направи. Не е лошо – напиша Дрогба на Инстаграм, а набргу потоа доби одговор од Ибра во вид на три „смајли“.