(Видео) Поминаа 50 години, а овој потег е сеуште забранет во фудбалот!

Loading

Пред точно половина век, беше виден веројатно најспектакуларниот слободен удар во историјата на фудбалот.

Во октомври 1970 година, Ковентри и Евертон се сретнаа во тогашната прва лига на Англија, а фудбалерот на домашниот тим, Ерни Хант, се потруди тој натпревар засекогаш да се памети.

Хант погоди од слободен удар, кој беше именуван како „Магарешки удар“. Имено, соиграчот Цили Кар ја крена топката со две нозе, по што Хант ја затресе мрежата на Евертон со прекрасен волеј удар.

Угледниот „Би-Би-Си“ ја додели наградата на Хант за најубав гол во сезоната. Сепак, ФА наскоро забрани да се изведуваат слободни удари на овој начин.

Хант, кој почина во 2018 година, ќе остане запаметен по својата иновација и фактот дека неговиот потег и денес е забранет.

Уживајте во ова уникатно ремек-дело….