ВИДЕО: Погледнете ја бомбастичната најава за мега пресметката во УФЦ 260 – Миочиќ против Нгану за појасот во тешка категорија!

Loading

Стипе Миочиќ и Френсис Нгану уште еднаш ќе се борат за УФЦ титулата во тешка категорија. Пред три години, Миочиќ славеше убедливо против камерунскиот борец, но Нгану направи голем напредок по таа борба и победи во последните четири со нокаут во првата рунда.

Пред три години Стипе тежеше пет килограми повеќе од неговиот ривал, а сега Нгану влегува во октагонот со 13 килограми повеќе од актуелниот шампион.

Миочиќ во последните три години трипати се бореше со Даниел Кормиер, забележувајќи две победи и еден пораз. Иако е шампион, Стипе не им е омилен на обложувалниците.

Букмејкерите во Лас Вегас му даваат мала предност на неговиот предизвикувач кој во УФЦ има сооднос 15-3.

Погледнете ги двете бомбастични најави за спектаклот на УФЦ 260 и борбата на вечерта која треба да започне во 04 часот по полноќ…