(ВИДЕО) ,,Панцирите,, испорачаа петарда на отворањето на ЕВРО 2024

Loading

Домашната селекција на Германија со пет гола во мрежата на Шкотска го отвори 17-тото Европско првенство во фудбал.

Уште на стартот германците тргнаа жестоко кон голот на гостите со јасна намера уште во првото полувреме да го решат победникот на мечот.

Шкотите делуваа збунето и исплашено иако на трибините имаа цела армија од навивачи кои во голем број допатуваа во Германија да ги бодрат своите фудбалери. 

И по само 20 минути Германија веќе имаше убедливо водство од 2-0. Вирц го отвори мечот со гол во 10-тата, а Мусилаја во 19.минута стрелаше за 2-0. 

До крајот на полувремето Германците не го намалија ритамот, па во 45-тата минута од пенал Хаверц донесе убедлива предност од 3-0 за Гермнија.

Шкотска остана и со играч помалку откако Портеус грубо стартуваше над Гундоган и доби црвен картон.

Во второто полувреме се очекуваа уште голови во мрежата на Шкотска која играше со играч помалку.

Филкруг во 68.минута испрати еврогол од 15 метри за 4-0 со што ја најави катастрофата на Шкотска.

Сепак навивачите на Шкотска малку го вратија расположението откако во една мешаница во нивниот шеснаесетник Рудигер си постигна авто-гол во 87.минута за 4-1.

До крајот на мечот во 93-тата минута Емре Џан ги постиви конечните 5-1 за Германија за најубедлива победа во историјата на ЕП и најубедлив триумф на отворање на едно Еуро.

Инсерти од мечот ……