И оваа сезона во Формула 1 за првпат во историјата на овој спорт ќе се вози нова трка во нова држава. Станува збор за трката за ГН на Саудиска Арабија што ќе се вози низ улиците во Џеда.
View this post on Instagram
Истата ќе се одржи во месец декември, а денеска и официјално е претставена конфигурацијата на патеката која изгледа фантастично.
Се работи за улична патека со должина од 6.175 километри по круг и ќе биде втора најдолга во календарот.
Има дури 27 свиоци, а просечната брзина ќе биде околу 250 km/h, што е најголема брзина за улична трка.
Патеката ја дизајнираше архитектот Херман Тилке во соработка со 1 Мотоспорт тимот под водство на спортскиот директор на Ф1, Рос Браун.
Погледнете како изгледа оваа патека во Саудиска Арабија…