(ВИДЕО) Ова е шестгодишниот „Чеченски Шварценегер” кој со мускули освои стан!

Loading

Шест години, две раце и воља од челик. Толку му било доволно на Ибрахим Лијанов да го промени животот на своето семејство засекогаш.

Малиот Ибрахим, роден Рус со чеченски корени, за само два часа направи неверојатни 4.445 склека без застанување, без откажување и на тој начин за своето семејство освоил нешто што за многумина претставува цел живот, сопствен дом.

Наградата ја доделил локалниот спортски клуб каде Ибрахим секојдневно тренира рамо до рамо со својот татко.

Снимката од градот Нов Редант брзо ги освои социјалните мрежи гледачите со неверување следеле како малото тело, со огромна душа, го турка последниот склек со иста сила со која го почнал и првиот.

Резултатот го однел и во руската Книга на рекорди, а прекарот „Чеченски Шварценегер” му останал засекогаш.

Ова не е прв пат некое дете да го воодушеви светот на ваков начин. Лани, петгодишниот Раким Курајев освоил нов мерцедес  откако, исто така без пауза, извршил 4.105 склека.

Се чини дека во овие краишта, децата не сонуваат за играчки. Тие тренираат за својата иднина….