(ВИДЕО) Ова е највалканиот играч во НБА – Погледнете што му направи на Кевин Лав?

Loading

НБА тимот на Мемфис е на добар пат да го загрози првото место на Денвер Нагетс кој забележа четири порази по ред.

Но на теренот не им оди така слајно, па иако останаа без првата ѕвезда Џа Морант кој е суспендиран од НБА, а сега останаа и без услугите на Дезмонт Бејн.

Синоќа на мечот со Мајами Хит нагости, Грузлите беа убедливо поразени со 138-119 и уште еднаш се виде на дело колку валкано играат играчите на Мемфис од Тенеси.

Во центарот на вниманието не беше зборливиот насилник Дилон Брукс (кој заедно со Дрејмонд Грин и Лука Дончиќ имаат по 16 технички грешки оваа сезона), туку Дезмонд Бејн.

Бекот на Мемфис при едно продирање ја водеше топката со десната рака, а со левата го удри во меѓуножјето Кевин Лав.

Додека искусниот ас на Хит се грчеше од болка, Бејн и неговите соиграчи беа изненадени што судиите досудија прекршок во нападот.

Судиите потоа ја прегледаа снимката и наместо обичен фаул, досудија две намерни лични грешки и го исклучија од игра Дезмонд Бејн.

Погледнете ја оваа ситуација и пресудете дали е ова исправна одлука на судиите….