Новак Џоковиќ славеше уште една победа во финалето на мастерс 1000 турнирот во Париз.
Тој во финалето го победи Григор Димитров со 2-0 во сетови 6-4 и 6-3 и по седми пат ја освои титулата во Париз.
За 36-годишниот Џоковиќ овој јубилејна 40-та турнирска титула од серијата „Мастерс 1000“, а 97-ми освоен турнир во кариерата.
Од друга страна, 32-годишниот Димитров во кариерата има освоено осум турнири, а последниот го освои пред шест години кога славеше на завршниот мастерс.
Братко Гриша и Ноле се големи пријатели, што уште еднаш го потврдија пред финалето.
Последниве години Димитров немаше рози на теренот, последната титула ја освои во 2017 година, но затоа му нема рамен надвор од теренот кога се убавиците во прашање.
Долга е листата на познати дами со кои Григор бил во врска. Прва што падна на неговиот шарм беше Серена Вилијамс.
Двајцата се забавуваа во 2012 година. Но, таа врска не траеше долго. Веќе следната 2013 година Димитров го освои срцето на тогаш најпосакуваната тенисерка Марија Шарапова.
Маша и Гриша првпат се појавија во јавноста во 2013 година на Мастерсот во Мадрид, а раскинаа за време на Вимблдон во 2015 година.
Григор не беше мирен долго време. Истата година стапил во врска со Никол Шерцингер.
Димитров за прв пат ја претстави популарната пејачка во јавноста во јануари 2016 година. По речиси четири години, тие раскинаа на крајот на 2019 година.
Во 2020 година во животот на Димитров влезе Лолита Османова. Лолита е ќерка на рускиот олигарх, мултимилијардерот Елдар Османов.
Лолита јавноста ја памети по венчавката која чинеше вртоглави 13.000.000 долари, а бракот со милијардерот Гаспар Авдолјан многу брзо пропадна, бидејќи семејниот бизнис на Русинката тогаш остана должен на компанијата на нејзиниот сопруг.