Нашиот репрезентативец, Андреј Јакимовски кој настапува за НЦАА тимот на Вашингтон синоќа стигна до нова победа во лигата.
Тие го продолжија победнички ритам откако ја запишаа 9-тата победа во последните десет натпревари.
Стигнаа до 22-та победа во сезоната во Пацифик 12 дивизијата откако славеа над Јужна Калифорнија со 72-75, тим за кого настапува синот на Леброн Џејмс, Брони.
Јакимовски беше најдобар во своите редови со 18 поени, 3 скока и една блокада.
За 36 минути даде четири тројки, две слободни фрлања и четири поени од поле. Со 18 коша беше и неговиот соиграч, Ватс.
Синот на Леброн, Брони имаше вечер за заборав. Постигна мизерни два поени и направи четири лични грешки, па повеќе ја грееше клупата отколку што играше!!!!
Вашингтон е на второто место на табелата со 22 победи и 7 порази и има пораз повеќе од лидерите Аризона.