(ФОТО) ВНИМАВАЈТЕ да не ви се случи и вам – Како настрада кучето на славниот Ф1 пилот?!

Loading

Легендарниот Ф1 возач, Рубенс Баричело, се соочи со тежок период по смртта на семејното куче.

Бразилецот бил многу приврзан за кралот Чарлс Кавалиер шпаниел, кој тој и неговото семејство го нарекувале Спиди.

За трагичниот крај на неговото куче, Рубенс ги обвинува луѓето кои фрлале догорчиња од цигари на земја.

,,Мојот Спиди… Прерано си замина пријателе. Можам само да ти се заблагодарам за радоста што беше нашето заедничко патување. Те сакам засекогаш – рече тој.

Баричело, кој возеше во Формула 1 од 1993 до 2011 година, рече дека неговото куче починало откако изело 11 цигари.

,,Син ми отиде да го види Спиди и виде дека има многу цигари. Стомакот му бил скинат и се развила болест која го спречила неговото тело да развие клучен протеин. Тој веќе не можеше да јаде. Имаше крвава дијареа и почна да слабее.

Тој посочи дека пушачите треба да обрнат повеќе внимание.

,,Кучешкиот измет го собираме во вреќи и го фрламе во ѓубре, би било љубезно да имаат сличен став и пушачите.

фото: FB