(ВИДЕО) Нокаут за во затвор – Со лакт го удри во лице, а во болница одвај го закрпија!

Loading

Тајландскиот фудбалер Ајцарет Нојшајбон доби отказ од ФК Бангкок откако на вчерашниот натпревар брутално го нокаутираше противничкиот фудбалер.

фото: Printscreen/Twitter/James Dart

На крајот од натпреварот Супасан Руангсуфанимит од Северен Бангкок ја изби топката во аут и лошо го шутна Нојхајбон по нозете, а тој целосно полуде и реши жестоко да реагира.

Тој му пришол на противникот и потоа брутално го нокаутирал со лактот, а овој паднал на земја облеен со крв. Нојшајбон секако беше исклучен и набрзо доби отказ од клубот.

– ФК Бангкок сака да се дистанцира од ваквите потези. Веднаш го раскинавме договорот со фудбалерот и сакаме да нагласиме дека ни е жал за инцидентот. Ќе направиме се што можеме за да се осигураме дека тоа никогаш повеќе нема да се случи.

Повредениот фудбалер заврши во болница. Се здобил со тешка повреда и биле потребни 24 конци за да се сошие раната.

– Замина на лекарски преглед откако беше намерно нападнат од противнички играч. Лекарот открил дека пределот околу горната усна има неколку отворени рани. За шиење на раната беа потребни 24 конци. Клубот ќе се погрижи за сите трошоци и ќе преземе мерки против одговорниот фудбалер – соопштија од клубот Норт Бангкок.