ВИДЕО: Никогаш повеќе 46! Недела кога заминува Роси – Во Валенсија ја заврши кариерата и замина во бесмртните!

Loading

Готово е – тоа беше последната трка, последниот круг, последното забрзување и кочење за големиот Валентино Роси! Најголемиот и најпопуларниот возач на се што има тркала во Валенсија се прости од трките во Мото ГП.

фото:Profimedia

Немаше вистински љубител на мотоциклизмот кој не заплака бидејќи популарниот Вале никогаш повеќе нема да го видиме како прави магија на својата „Јамаха“.

Десетици илјади навивачи на Роси пристигнаа во Валенсија од целиот свет, милиони од нив беа приковани за малите екрани за да присуствуваат на историски момент.

Можеби има некаква симболика во тоа што победи Франческо Бањаја, чиј идол беше Валентино, кој се натпреваруваше за неговиот VR46 тим во шампионатите Мото 2 и Мото 3. Тие поминаа многу денови на тренинзи заедно.

Има симболика и за 10-тото место, кое на крајот го зазеде во трката, бидејќи кога ќе се соберат четири и шест (46 е неговиот број од почетокот на кариерата), се добива десет. Неверојатно, но кога ќе ги соберете датумите – 14, 11 и 21, доаѓаме до 46!

Легендарниот Италијанец на 26 години влезе во светот на мотоциклизмот, засекогаш го промени овој спорт. Неговиот талент досега не е виден, многу брзо стана голем шампион и миленик на навивачите ширум светот.

фото:EPA

Поради својата умешност, но и храброст, рано го доби прекарот Доктор, кој всушност одлично му одговара. Незаборавни се неговите дуели со големите ривали Бјаџи, Стонер, Лоренцо, Маркез… Некои од нив отворено го мразеа, но имаа голема почит кон него.

Роси се обиде да го заокружи бројот на титули на десет, но не успеа, останувајќи на девет, од кои седум во најсилната класа.

Тој возеше во 44,4% од сите ГП шампионати во историјата, постигнувајќи вкупно 115 победи и 235 подиуми. Целиот свет кажа само една голема работа: „Ти Благодариме!