Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна исторскиот гол за нашата репрезентација, првиот на големите натпреварувања во нашата историја.
Голот на Пандев беше постигнат во 28 минута кога Македонија израмни на 1-1 против Австрија. Горан Пандев искористи една катастрофална грешка на Австријците и постигна лесен гол за голема радост на трибините и нашите симпатизери и навивачи пред малите екрани ширум републиката и светот…
Ова е историскиот гол на ГРАНДЕ ПАНДЕВ….