(ВИДЕО) Капа доле за ,,Џокер,, – Влезе во ретко одбрано друштво во историјата на НБА!

Loading

Денвер Нагетс го победи Хјустон со 133:112, но мечот го одбележа новото достигнување во кариерата на Никола Јокиќ кој заврши со нов трипл-дабл учинок и испиша нова историја во НБА.

фото: Profimedia

Јокиќ со 24-от трипл-дабл во сезоната, стигна до бројката од 100 во кариерата. За 28 минути поминати на теренот забележа 14 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Ако Никола Јокиќ продолжи со маестралните игри, има можност да стане четвртиот играч во историјата кој три пати по ред бил МВП на лигата, покрај Бил Расел (1961-1963), Вилт Чембрлен (1966-1968) и Лери Бирд (1984-1986).

Денвер беше во водство од почетокот на натпреварот, стигна и до максимални плус 26 разлика.

Џамал ​​Мареј беше најдобар кај Денвер со 32 поени, додека Браун додаде 15 поени.

Денвер Нагетс моментално се лидери на Западот, додека Хјустон Рокетс го зазема дното на табелата во истата конференција.