Ноќта меѓу петокот и саботата видовме една сосема комична и крајно бизарна ситуација во „режија“ на кошаркарот на Бруклин Џејмс Харден.
Суперѕвездата на Нетси постигна 13 поени и 10 скока и асистенции на натпреварот против Детроит Пистонс, но еден потег го одбележа неговото издание.
Во една ситуација во третата четвртина, неговата топка беше избиена, а тој тргна по неа на својата половина.
И тогаш, од никаде, реши да застане и да му дозволи на играчот зад него да ја земе топката и лесно да постигне кош.
На никого не му беше јасно што му падна на ум во оваа ситуација.
За негова среќа и за Бруклин, на крајот тоа не се одрази на крајниот исход бидејќи победата беше остварена со резултат 96:90.
Погледнете ја глупоста на ол старот Харден….