(ВИДЕО) ,,Гробари,, на нозе – Во Партизан пристигна големото засилување!

Loading

Бразилскиот кошаркар Бруно Кабокло ќе стане најновото засилување на белградски Партизан.

Потврдата не дојде од црно-белите, туку од белградска „Штарк арена“.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео од Кабокло како позира во дресот на Партизан.

Станува збор за 28 годишен играч висок 206 сантимети со НБА искуство на позицијата крилен центар.

Во кариерата има играно во Торонто, Сакраменто, Мемфис и Хјустон.

Минатата сезона беше член на Макаби Ранана од Израел, а играл и за клубови од Франција, Италија и Германија.

Останува само ,,Парни ваљак,, и официјално да го потврди доаѓањето на одличниот Бразилец, кој би можел да ги реши бројните проблеми со кои се соочуваат избраниците на Жељко Обрадовиќ на стартот од сезоната.