(ВИДЕО) Голема трагедија во Англија – Со кола влета на терен и прегази девојче!

Loading

Страшна трагедија се случи во Велика Британија.

Младата фудбалерка Попи Аткинсон (10) го загуби животот кога 40-годишен маж со своето возило БМВ влетал низ заштитната ограда, на теренот и го удрил девојчето.

Попи се здобила со фатални повреди, додека уште едно девојче е полесно повредено во оваа страшна несреќа.

Полицијата веднаш го уапсила 40-годишниот возач. Истрагата е во тек, а причините за несреќата се уште не се познати.

„Додека излегувавме на теренот, автомобил помина низ заштитните бариери и слета на теренот. Немам поим како возилото стигна таму. Беше чиста паника. Воопшто не беше пријатно. Децата очигледно беа исплашени, но тренерите навистина добро се справија со ситуацијата. Имаше многу семејства овде синоќа кои се собраа да им дадат поддршка на мајката, таткото и пријателите на несреќното девојче.

Фудбалскиот клуб Грасрут, каде што играше девојчето, веднаш ги откажа сите тренинзи и натпревари, а сите натпревари на младинската екипа во Англија денеска почнаа со едноминутно молчење во знак на почит на трагично починатата Попи Аткинсон.