(ВИДЕО) Ги бранеше козите од волците, а сега е икона на Реал – Спектакуларна приказна за Лука Модриќ!

Loading

Петкратниот европски првак со Реал Мадрид, порано како дете бил козар.

фото: Printscreen

Лука Модриќ го освои својот петти трофеј во Лигата на шампионите и со тоа дополнително го зацврсти статусот на легенда на Реал Мадрид.

Верувале или не, човекот кој освои дури 19 трофеи со најуспешниот клуб во светот чуваше кози во Краина!

Снимајќи волци на карпите на Велебит, за кои Би-Би-Си сними документарен филм, Павле Баленовиќ, поранешен музичар во легендарниот хрватски бенд ,,Плава трава заборава,, не ни сонувал дека во спотовите ќе ја сними легендата на Реал која на 5 годишна возраст суверено ги чуваше козите и им пркосеше на опасните диви ѕверови.

фото: Profimedia

Павле Баленовиќ, поранешен музичар и филмски каскадер, својот живот го посвети на проучувањето на Велебит и неговиот животински свет, пред се волците кои во голем број ја населуваат оваа планина.

Талкајќи низ Велебитските пространства, Беленовиќ бил придружуван од волк, кој го посвоил додека сè уште бил мал од селанец во Чарач.

Набрзо сфатил дека волкот нема да може да преживее во Загреб, па решил да го пушти во областа Велебит.

Неверојатната снимка од малиот Лука Модриќ, авторот ја објавил на социјалните мрежи. Како капетанот на Хрватска без страв во невремето на Велебит и во опасност од страшните волци бестрашно со стапот ги води козите во неговиот роден град.

Тој детал можете да го видите во ова видео од 2,30 минути.

Би-Би-Си ја прикажа трогателната приказна за волкот и човекот во документарниот филм „Човекот волк, дневникот на Павле Белановиќ“.

Интересно е што овој филм најпрво и бил понуден на хрватската телевизија, но тие го одбиле. Откако ја купи Би-Би-Си, а по нив и 44.000 телевизиски станици ширум светот, ХРТ реши да ја промени својата одлука.

За време на неговото талкање во Велебит, Баленовиќ се спријателил со таткото на Лука, Стипе Модриќ во Затон Обровачки, село во Хрватска, кого го снимил во 1990 година кога Лука имал само пет години со козите како ги води за време на граѓанската војна.

За време на војната, семејството побегнало во Задар, каде што продолжило да живее. Малкумина знаеја за оваа информација за раното детство на еден од најдобрите светски фудбалери, и носител на златната топка од 2018 година.

Ова видео е доказ дека Лука е роден во Краина, а не како што се пишува во Задар.