Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо (37), кој настапува за Ал Наср од Саудиска Арабија, се почасти со најскапиот автомобил на светот.
Португалецот го купи моделот на Bugatti „Centodieci“ вреден осум милиони евра, кој е направен во само 10 примероци.
Да потсетиме, напаѓачот потпиша договор на две и пол години со Ал Наср, според кој ќе заработи околу 200 милиони евра и тоа е најголемиот договор во историјата на спортот.
Кога зборуваме за купување на толку ограничена верзија, парите не се важен фактор бидејќи не само Кристијано беше заинтересиран за овој автомобил.
Así es el nuevo carrito de Cristiano Ronaldo que pasea por las calles de Riyadh
Bugatti Centodieci
👉 https://t.co/OaV8XOcFwP pic.twitter.com/ggLoQtd3Z1
— Arielipillo (@arielipillo) March 1, 2023
Омилената машина на Роналдо до 100 км/ч достигнува за импресивни 2,4 секунди, а 200 км/ч за 6,1 секунда, додека максималната брзина му е дури 380 км/ч. Неговата цена беше неверојатни девет милиони евра!
Сепак, Роналдо успеа да си обезбеди редок примерок пред многу милионери.