Вероника има 25 години и е поранешна мисица која изгледа совршено, а особено ја красат бујните гради. Сепак, тоа понекогаш и создава проблеми …
,,Обично велат дека се е полесно кога си убава, но ми се чини дека не е така. Многу мои ’фанови’ на Инстаграм мислат дека не сум реална, дека сум измислен профил и слично. Добивам многу пораки од различни жени кои се плашат за своите момци“, рече Вероника.
Сепак, Вероника најчесто ја обвинуваат дека со операција ги зголемила градите, па за да избрише секаков сомнеж, на својата објава на Инстаграм објавува слика со ултразвучен наод.
„Добивам толку многу коментари со омраза, најлоши се жените, велат дека сум направила операција на градите и дека сакам да им ги украдам момците“, додала таа.
Манекенката изјавила и дека нејзиниот профил бил пријавен, па дури и блокиран безброј пати поради оние кои не мислеле дека е вистински.
Ја пријавувале верувајќи дека тоа е лажен профил.