На аукција е продаден билет од дебитантскиот настап на Џордан – Од цената боли глава!

Неискористениот билет од дебитантскиот настап на Мајкл Џордан во НБА лигата е продаден на аукција за 468.000 долари.

Поради неверојатна комбинација на околности, билетот останал недопрен. Имено, Мајкл Кол, кој купил билети пред 38 години, не можел да најде некој да му се придружи на натпреварот кој се одиграл на 26 октомври 1984 година во Чикаго, па еден билет останал неискористен.

„Неверојатно сум среќен поради исходот и на некој начин ми олесна што е готово“, изјави Кол за Чикаго Сан Тајмс.

Кол платил 8,5 долари за билетот. Едниот го искористил за да присуствува на натпреварот, а другиот го чувал во својата архива.

Ова е единствената недопрена карта позната од дебито на Мајкл Џордан, веројатно најдобриот кошаркар на сите времиња.